Како обвинителството и судот утврдија дека предметниот Договор е незаконит затоа што бил несразмерен? Затоа што согласно Законот за процена на имот и Методологијата за изготвување на проценки, за идна градба, односно идна недвижност не може да се изготви проценка на пазарната вредност на истата, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод првостепената пресуда за случајот „Талир 2“.
Ова е факт кој го знаат сите проценители и професионалци од областа. Од каде знаат колкава ќе е вредноста на објектот на партнерот во договорот? Можеби ќе биде милијарда евра, па делот кој го отстапуваат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде едноцифрен број на проценти. Од каде знаат колкава ќе биде вредноста, може ли некој да даде таква проценка на идна недвижност, тоа е спротивно на законот-образложува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.