Убав ден, успешен ден е кога може да се присуствува на активности кои што ги реализираат градоначалниците, овде Александар во Илинден, навистина има исклучително амбициозна агенда, исклучително многу направи во овие година дека откако е градоначалник после победата во првиот круг на минатогодишните локални избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешната посета на Илинден.
-Денеска еве слушнавте лично што имаше да каже и со што да се пофали и практично тоа што можеби со години не беше тука реализирано претходно еве за оваа една година се случува и покрај тоа што имаме исклучително тешки услови, енергетска криза, финансиска криза. Можеби е добро да најавиме дека и општина Илинден за прв пат ќе се вклучи во процесот на емисија на општинска обврзница што е нешто како иновација, новитет. ВМРО-ДПМНЕ иновира, ги следи трендовите во светот, на светската економија, дополнителни средства каде што ќе може и самите граѓани да учествуваат во реализација на проектите кои што ќе се од општествено и општинско значење за самите нив, за децата. Еве гледате се асфалтираат улици, се градат фекални и атмосферски канализации, прочистителни станици, водоводи, амбициозна агенда, се гради Илинден. И така треба да продолжи, рече тој.
Мицкоски очекува програмата да се реализира и пред време.
Јас сум навистина задоволен и среќен и секогаш кога ќе се побара од мене за ваков тип на проекти, јас сум тука да ја дадам својата лична поддршка, поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и убеден сум дека и пред време ќе биде реализирана програмата со која што убедливо Александар победи на минатогодишните локални избори овде во општина Илинден, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.