Охрабрете се господа од власта, не се кријте зад некакви агенди, поддржете го референдумот, како ќе се одлучи народот така сите заедно ќе постапиме. Ајде да видиме каде треба да оди ова наша Македонија, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Велат, ама ВМРО-ДПМНЕ ја напуштило идејата за барање предвремени парламентарни избори. Еве, повторно ќе кажам, одлична можност ќе биде референдумот, да на истиот ден организираме не двојни, тројни избори и предвремени парламентарни и предвремени претседателски избори, бидејќи Стево Пендаровски одамна го изгуби приматот на татко на народот на Македонија. Ајде, охрабрете се да ве видам, господа од власта ако сте толку силни, немојте да се криете позади некакви агенди. Излезете поддржете го референдумот, како ќе се одлучи народот така сите заедно ќе постапиме. Ајде да видиме каде треба да оди ова наша Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.