Денес сум тука во Тетово, ќе имаме неколку состаноци ќе разговараме со граѓаните со неколку целни групи. Многу ни се важни овие избори овде во Тетово, очекуваме да освоиме значаен број на советници, односно да го подобриме резултатот кој што го имавме во октомври, изјави лидерот Мицкоски.
Очекуваме најмалку еден, а се бориме за вториот дополнителен советник овде во Тетово. Ќе дадеме се од себе за тоа да го оствариме, а потоа тоа и да го оправдаме пред граѓаните овде во Тетово дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што мисли за сите, која што мисли за иднината, и не е ВМРО-ДПМЕН политичка партија као што некои сакаат да злоупотребат дека е партија која што не враќа во минатото. Напротив, со чесна работа, посветена работа, со многу проекти, со многу реализација ВМРО-ДПМНЕ покажува насекаде низ Македонија дека иднината е во работата, чесна работа и посветена работа, а така ќе биде овде во Тетово веднаш после овие избори за советот.
Тука до мене е носителот на советничката листа Ангел Карапетров, очекувам рекорден број гласови што некогаш ВМРО-ДПМНЕ ги освоил за советничка листа овде во Тетово. Ја има целосната моја поддршка, доверба и не само Ангел, туку и сите оние луѓе кои што се дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ овде во Тетово.Повикувам тетовци во сабота да излезат, да гласаат масовно за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Ангел Карапетров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.