Лидерот на ВМРО ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски од Тетово порача дека се оствариле нивните прогнози дека и понатаму државата ќе биде заложник на историјата поради францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.  Овој негов став е одговор на новинарско прашање по повод денешната презентација на препораките од македонско-бугарската историска комисија.

-Наместо да зборуваме за 21-ви, 22-ви век, за иднината, ние зборуваме за средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за цар Самоил, се зборува за Климент, се зборува за Наум, за Кирил и Методиј и се зборуваат неточни работи. Практично, ние сега треба да ги менуваме, односно цензурираме учебниците на децата кои ќе учат во училиштата под диктат, под притисок од Бугарија, истакна Мицкоски.

Тој оцени дека „ова е дебакл на политиките на власта во однос на политичарите од ЕУ“.

-И сега би сакал да ги видам оние сите фини господа од Европа кои доаѓаа овде и кои не убедуваа дека нема да збориме за минатото да не погледаат во очи нас Македонците и да ни кажат дека не зборуваме за минатото, туку зборуваме за вештачка интелигенција, зборуваме за почист воздух овде, зборуваме за почиста вода за пиење во Тетово, за канализација во Арачиново, зборуваме за асфалтирани патишта, зборуваме за завршен автопат којшто ќе ги поврзе Кичево и Охрид, еве да зборуваме за тоа. А уште поголем срам е што кога зборуваме за средновековието ни излезе новата класификација на Шангајската ранг листа па меѓу две илјади универзитети во светот нема ниту еден од Македонија. Тоа е уште поголем дебакл за овој режим од ДУИ и СДСМ, изјави Мицкоски, при посетата на Тетово.

Овој срам и диктат, дополни, ќе продолжува и понатаму, така што темата е политичка и јас на сето ова предупредувам, континуирано предупредувам, но очигледно крајот доаѓа и за ова ќе има одговорнос

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.