При гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна и на историската победа на македонската фудбалска репрезентација против Италија.

Нацијата се израдува! Јас им посакувам среќа сега и во вторник во Порто, ако не се лажам, да направат уште едно изненадување. Иако, сега веќе не знам дали веќе може тоа да се стави во групата на изненадувања, некако како пракса да стана да победуваме – порача Мицкоски.

Тој додаде дека верува во македонските фудбалери дека и против Португалија ќе имаат добар резултат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.