Поскапувањето на струјата ќе биде зашто крадат. Не работат, туку крадат. Е затоа ќе има поскапување на струјата. И затоа реков дека тие капитулираа пред енергетската криза. Често ми го поставуваат тоа прашање, добро што требаше да направат. Многу едноставно, требаше да ги подготват акумулациите, да има доволно вода во акумулациите и плански да ги трошат. Требаше да ги подготват ископите во рудниците за да има откриен доволно јаглен пет години однапред. Или пак потенцијал за да се открие јаглен пет години однапред. Требаше да продолжат со модернизацијата, требаше да направат ремонт на производните постројки. И така подготвени тие производни постројки ќе произведуваа. Еве не мора како што сме правеле некогаш 6 и пол или 6.600, 6.700 терават часови електрична енергија. Еве 5 нека произведуваат. Тоа е за 80% повеќе од тоа што го произведува ЕСМ сега или поранешно ЕЛЕМ, а тоа е некаде околу 3 терават на час, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Мицкоски додаде дека ако власта произведеше 5 теравати на час, тогаш ќе имаше два милиони мегават часови повеќе.
Ако на берзите цената сега е 250 евра, тоа се половина милијарда евра плус. Половина милијарда евра повеќе за граѓаните, половина милијарда евра повеќе за компаниите, и колку толку ќе им помогне во енергетската криза и немаше од буџетот сега да трансферираме средства за да ја спасиме ликвидноста на денешно ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, истакна Мицкоски.
Мицкоски укажа дека за жал власта наместо да мисли однапред во енергетиката, таа единствено ги брои багерите со регистарски таблички во еден град од југоисточна Македонија. И годината наместо да трае 365 дена, таа трае 450-500 дена според доставените фактури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.