Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Сојузната Влада на Република Македонија за земјите од Западен Балкан и амбасадорката на Република Германија, Анке Холштајн, се вели во партиското соопштение испратено од ВМРО-ДПМНЕ.
-На средба се разговараше за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтеграцискиот процес на земјата во Европската Унија. Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека државата се соочува со економска и енергетска криза како резултат на неспособноста и незаинтересираноста од страна на власт, но и на немањето на слух за прифаќање на предлог мерките од страна на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните и државата. Во однос на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека државата мора да започне преговори час поскоро. Но, поради високиот степен на криминал и корупција од страна на власта и немањето реформи државата се уште не е дел од европското семејство, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците се согласија за унапредување и интензивирање на соработката, а претседателот Мицкоски се заблагодари за поддршката од страна на Сојузна Република Германија, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.