Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).
Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку најразлични платформи во делот на младинското учество, јакнење на транспарентноста и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба во државата, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека граѓаните се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, а државата се соочува со се поголем степен на корупција директно од високи владини функционери, посочувајќи дека високиот степен на корупција и криминал на владата на СДСМ е потврден и во меѓународните извештаи.
Претседателот Мицкоски нагласи дека решение за излез од кризата, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и враќање на државата во правилна насока се потребни брзи предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.