Криминалот и корупцијата го уништуваат системот. Tоа е старата болка на оваа власт! По објавувањето на информацијата дека американски истражители ќе дошле да откриваат криминал, навистина се смешни, но и трагични, изјавите од Власта како тоа истите тие ќе го поддржеле., напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Сакам да бидам јасен. 20 години имаме една политичка партија која е на власт во Македонија. Дваесет години. Седум години, истиот овој министер за внатрешни работи е министер. Повеќе од пет години имаат апсолутна власт.
Не може луѓето кои се креатори на корупцијата и криминалот, кои се сојузници на криминалците, ги водат институциите, да ги решаваат проблемите со криминалот и корупцијата. Затоа што, тие се креатори криминалот и корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.