Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека Ковачевски не излегол на избори, не учествувал во кампања, не нудел пред граѓаните и не барал доверба пред граѓаните.
Мицкоски додаде дека Ковачевски не излегол пред граѓаните и не ја бранел понудената понуда за граѓаните.
Мицкоски посочи дека Ковачевски можеби има 61 пратеник кој го гласале, но тој нема никаков политички кредибилитет добиено од страна на граѓаните на избори.
Кога зборуваме за нешто кое во политиката подразбира да излезеш пред граѓанин, да бараш доверба од граѓани, да дадеш понуда и да ја браниш таа понуда, тоа кај него не се случило – рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека Ковачевски не излегол на избори за да ние сега можеме да зборуваме за процес. Тој не учествувал во кампања, не нудел пред граѓаните и не барал доверба пред граѓаните.
Од Ковачевски очекував да ги штити интересите на неколкумина блиски до СДСМ и ДУИ, очекував да биде вакво неговото однесување во јавноста и не очекував нешто брилијантно. Уште на самото експозе кога тој беше биран за премиер тој ги повтори тезите на Заев, јас и тогаш зборував дека ние нема да добиеме нешто што е ново и надвор од очекуваното – кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.