Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситијан Мицкоски вечерва од 20:15 часот на МТВ ќе дебатира со повеќе новинари од националните телевизии, откако премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски не ја прифати неговата покана за дебата.
Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори.
Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.
Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете!, повика Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.