Јас сум човек без концесија и тоа е нешто многу важно во животот, да сте човек без концесија што и да работите. Затоа што концесијата секогаш ќе ви биде пречка околу вратот, ќе ве стега, ќе ве поти, ќе ве измачува и кога тогаш ручекот некој мора да го плати. Ако вие ја имате концесијата вие ќе го платите. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју дадено за А1ОН одговори на новинарско прашање за коментар околу обвинувањата дека наводно негов ментор бил Никола Груевски.

Мицкоски исто така истакна и дека доколку би имал контакт со Груевски, сигурно би знаеле оние кои го напаѓаат во таа насока, бидејќи ги имаат сите можни служби и се занимаваат со негово секојдневно следење.

„Не сум имал контакт со господинот Никола Груевски од ноември месец 2018-тата година кога ја напушти Македонија, ниту директен ниту индиректен. Претпоставувам тие кои што ме напаѓаат, бидејќи ги имаат сите можни служби, а се занимаваат со мое катадневно следење ќе знаат дали имам јас било каков контакт со господинот Никола Груевски“, истакна Мицкоски.

„Се зборуваа многу работи во овие пет години откако сум јас претседател и за среќа на Македонија, на граѓаните на Македонија и на партијата, сето тоа излезе дека не е точно“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.