Од страна на владата нѐ убедуваа дека инфлацијата е увезена. Сега се поставува легитимно прашањето: Како е увезена инфлацијата, ако Македонија има една од највисоките стапки на инфлација заедно со Балтичките земји од 18,7 % а ближиме до 20%, а во Еврозоната е 9%, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Значи ние имаме двапати поголема инфлација од Еврозоната. Затоа, ние понудивме, за да се ублажи високата цена на производи, да се има викенд без ДДВ со кој на основните прехрамбени продукти ќе им овозможиме пониска цена, за да можат граѓаните да си ги дозволат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.