Разговори со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема затоа што сите знаат кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и сите 44 пратеници, ни еден од нив не е подготвен да гласа за промена на Уставот. Тоа е прво, и второ, бидејќи разговори нема и власта се удри во ѕид со францускиот предлог и имајќи предвид дека тонат тие создаваат лажни вести, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата Само вистина што се емитува на течевизија Канал 5.

Оттука, според него, лажни вести создава премиерот и министрите, а тоа е пораз за демократијата.

Николоски е дециден „ниту се разговара со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, ставот е јасен поддршка за уставни промени нема.

Криза ние имаме сега бидејќи тоа што Бугарија го сонуваше сега го доби во документ и нивните позиции се во официјални докумени на ЕУ и Македонија е во магичен круг и изборот е народот да се бугаризира или државата да не преговара за ЕУ. Ова како поклон им го дадоа СДС и ДУИ и нека не лажат Македонија не преговара“, вели Николоски.

Според него, степенот на корупција е многу висок и не може да се реши до 2030, а второ во ЕУ нема апетит и намери за проширување.

„Тоа е нереално и нечесна манипулација со јавноста“, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.