Во текот на вчерашниот ден се одржаа избори за избор на советници во Советот на општина Тетово, најголемата општина во западниот дел од државата, и третата по големина општина во Македонија воопшто.
Изборите поминаа мирна атмосфера, а резултатот само ги потврди мерењата на јавното мислење спроведени во изминатиов период од голем број на рејтинг агенции, а кои го мерат рејтингот на партиите на државно ниво.
Изборите иако со хендикеп за ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер, професорот, Христијан Мицкоски на една недела пред денот на избори беше инфициран со КОВИД, беа успешна потврда за политиките на оваа партија, како на локално ниво, така и стратешки во смисла на погледите за иднината на државата.
Иако од дома, бидејќи е со полесни симптоми, Мицкоски како што брифираат извори од опозицијата, ги координирал активностите со своите соработници од ИК на партијата, и партискиот огранок во Тетово, и притоа обезбеди победа за неговата партија над СДСМ на Ковачевски и Зечевиќ, кои иако секојдневно на терен катастрофално изгубија.
Мицкоски на 16-ти овој месец беше инфициран од КОВИД, по што од ВМРО-ДПМНЕ ги известија медиумите, а и самиот Мицкоски преку фејсбук ги извести своите следбеници за неговата здравствена состојба. Од тогаш до 20-ти август СДСМ имаше дефакто предност на терен во Тетово, зошто нивните челници константно беа низ градот, во агитација и обид за собирање гласови, но и покрај сето тоа, тие изгубија од Мицкоски во Тетово.
Имено според бројот на освоени советници разликата ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ е 2:1. Партијата на Мицкоски освои 4, а СДСМ 2 советници, во број на гласови ВМРО-ДПМНЕ има освоено 3.332, а СДСМ 1.953. Победа издвои и БЕСА над ДУИ, кои исто така ја згазија оваа владејачка партија, со освоени 12 советнички места и 9.620 гласови, во однос на 11 советнички места и 8.702 гласови.
Резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и на БЕСА, во однос на нивните противници СДСМ и ДУИ покажуваат дека владејачката коалиција воопшто не е стабилна и дека нема реална поддршка кај граѓаните на терен. Оттука уште во текот на вчерашниот ден од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од Ковачевски и распишување на предвремени парламентарни избори, а истото го сторија и од БЕСА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.