Заедно со Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на партијата остваривме средба со Мајк Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“, и високи претставници на оваа организација, соопшти на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтегративните процеси на државата.
Изразив голема благодарност и ја поздравив долгогодишната активна заложби на „Македонија 2025“ во помошта државата да стане успешна држава, со квалитетни и стручни кадри.
Ја истакнав поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за нивните постојани иницијативи, особено во делот на дигитализацијата, стипендирањето на успешни млади студенти и професионалци од Македонија, како и програмите кои ги организираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.