Покачувањето по мене е минимално и не е она кое што го бараше синдикатот и просветните работници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Ресен.
Мицкоски истакна дека со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се работи за исполнување на обврските од Колективниот договор за покачување на платите на просветните работни и работниците во детските градинки
Покачувањето по мене е минимално и не е она кое што го бараше синдикатот, но ако ова е доволно за синдикатот и вработените јас можам само да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поработи на исполнување на она кое што е дел од Колективниот договор, а не ваков тип на преговори и разговори под притисок и уцени од страна на оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ, туку да го испочитува Колективниот договор онаков каков што е усвоен во минатото. И мислам дека та ќе биде еден чекор плус за да имаме мотивиран и образовен кадар во градинките. Тоа е она што јас можам да се обврзам за тоа што ќе направиме во иднина. А што се однесува до овие 15 проценти, тоа не е она кое што го бараа просветните работници, работниците во градинките, но ако синдикатот е задоволен, ако тие се задоволни од ова тогаш јас можам само да ги поддржам како што ги подржував од самиот почеток на овие протест – истакна тој.
За изјавата на Димитар Ковачевски дека е постигнат историски договор со СОНК во однос на платите, претседателот Мицкоски потенцираше дека за него единствено историски белег од овие преговори ќе останат уцените, заканите, омаловажувањата и понижувањата од страна на владата кон просветните работници.
За мене се историски турбуленциите и понижувањата кои што оваа влада ги направи кон синдикатот, просветните работници и работниците во детските градинки, луѓето кои што треба да се мотивирани и кои што треба да бидат столб на една држава, бидејќи тие ги образуваат идните кадри и во пред школската возраст, а потоа и како основци и дел од средното образование и ние понатаму како професори на универзитетите- рече тој.
Историски беше по мене она кое што го лиферуваше владата изминатиот период во јавноста со многу навреди кон тие луѓе, со многу негирања, со многу понижувања и омаловажувања и тоа за мене ќе остави историски белег, но тој белег со една голема горчина навистина ќе остави трајни последици, смета претседателот Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.