Денес како политичари можевме да направиме едно единство, но за жал изостана таа можност за единство бидејќи Владата не присуствуваше денеска тука. Кога ќе се одлучат ете, дали ќе бидат Влада тогаш се уште кога тие ќе одлучат тие да го отвораат тој клуб треба да видиме. Но, и доколку бидам поканет се разбира дека ќе дојдам да ги поддржам овие луѓе уште еднашка без разлика кој го отвора македонскиот клуб, е можност да се направи национално единство, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека на настан како што беше денеска треба да биде причина кога политичките разлики треба да се стават на страна и да се обединат политичарите бидејќи националниот интерес треба да обединува.

Тука треба да се остават политичките разлики на страна и треба да се обединиме без разлика дали сме леви, десни, либерални или конзервативни. Ние треба тогаш да се обединиме бидејќи нашиот идентитет е сврзното ткиво. Македонскиот народ е тоа што нас треба да не обединува и нашиот национален интерес треба да не обединува, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.