Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од негово лично и од името на партијата на сите граѓани од исламска вероисповед им го честиташе големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Нека овие празнични денови вам и на вашите најблиски ви донесат среќа, радост, хармонија, внатрешен мир и добро здравје.
Курбан Бајрам ја истакнува човечката хуманост, грижливост и дарување и токму поради тоа ве повикувам овој празник да го поминете во духот на споделувањето и помагањето на сите оние на кои им е потребна помош.
Воедно, во овие одлучувачки моменти во кои се наоѓа Македонија, потребно е да си подадеме рака за да ги надминеме предизвиците, да не се наседнува на смислените провокации кои внесуваат поделби на етничка или верска основа кои се само параван за остварување на некакви други лични интереси.
Цврсто верувам дека таквите вештачки поделби се предавство на вредностите во кои веруваме без разлика на етничка, врска или политичка припадност. Проблемите се исти, желбата за иднина е заедничка.
Потребно е сите заедно да работиме за меѓусебно почитување, взаемна толеранција и разбирање, бидејќи само на тој начин можеме да успееме да изградиме држава во која сите ќе се чувствуваме слободни и рамноправни.
Само сплотени, одлучни, мотивирани и храбри ќе успееме да создадеме подобра иднина и подобар животен стандард за нашите граѓани во Македонија.
Нека е честит Курбан Бајрам, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.