Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово на српската телевизија Прва, објаснувајќи за протестите кои се случуваат во Скопје во изминатава недела, изјави дека уапсениот Цуфи Кока, кој при инцидентот кај Скендербег пукаше кон демонстрантите, бил вработен во МВР облечен како цивил.

Мицкоски објасни повеќе детали за протестите во Македонија во изминатава недела и рече дека Цуфи Кока, кој при инцидентот кај Скендербег пукаше кон демонстрантите, бил вработен во МВР облечен како цивил.

– Пред некој ден организираа (Владата) инцидент. Идентификувавме 5 луѓе кои се вработени во МВР. Тие пукаа во народот. Народот буквално со голи раце тргнаа на пиштолите и тоа може да се види од камерите, сликите и од сето тоа што се случуваше таму. Замислете кога народот со голи раце оди на пиштоли, до каде е дојдена работата, изјави Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.