Одговорно е час поскоро да има предвремени избори зашто државата тоне во економска криза и КОВИД пандемија, луѓето ги губат своите животи, енергетската криза тропа на врата, образованието е катастрофално, а буџетскиот дефицит за само 40 дена е повеќе од 11,2 милијарди денари, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Не би можел да издвојам ниту еден параметар што не движи во правилна насока. Затоа, одговорно е да имаме предвремени избори и ќе го повторувам тоа додека политичарите во Владата не се освестат и не излезат за да видиме каква е довербата на народот, истакна Мицкоски по посетата на Ѓорче Петров.
Тој јавно упати апел до претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја свика Комисијата за избори именување е функционална. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашњања, Парламентот е функционален, а седницата на Комисијата не се закжќува зашто веројатно некому му е страв.
Комисијата за избори и именувања е функционална, не гледам причина зошто Џафери не ја свика за предлозите што се на дневен ред. Тоа што сега не ја свикуваат, се плашат зашто нивните партизирани судии најверојатно нема да бидат избрани, зашто не се сигурни во мнозинството. Овојпат не можат да киднапираат пратеници и да ги чуваат натаму – наваму. Го повкувам Џафери уште денеска да ја закаже Комисијата за избори и именувања, таму си ма пратеници кои ќе си гласаат по сопствено убедување. Не се согласувам дека Собранието не е функционално, има 120 пратеници, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.