Погледнете го обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Куманово по повод 32 години од основањето на Општинскиот комитет на партијата во градот.

Мицкоски зборува за предизвиците со кои кумановчани досега се справуваа, и порача дека знае дека таа борба ниту е лесна ниту е завршена. Се заблагодари за сè што основачите, но и останатите членови на ОК Куманово досега сториле не само за ВМРО-ДПМНЕ, туку и за Македонија.

Порача дека како што сме имале и имаме, така и во иднина ќе имаме тешка борба за конечно македонскиот народ да се избори да биде македонски нарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.