Бугарите си имаат ас во нашата политика, неговото име и презиме се Димитар Ковачевски, кој лажно ме обвинува дека стојам зад клубовите кои се отворија и се дозволија под негова власт и во негово време. Не само што тоа не е точно, туку ВМРО-ДПМНЕ поднесе и закон за организации и здруженија за да се забранат токму овие здруженија и пропагирањето фашизам, кој власта, откако го поддржа, гледаме дека бараат точки и запирки за да се откажат од него, повикувајќи ја Венецијанската комисија да го испита, истата таа комисија чие мислење го множат со нула за многу други закони. И ако мене ме прашувате, овие здруженија треба да се затворат и поради прашањето за политички реципроцитет, бидејќи официјална Софија, официјална Бугарија веќе го затвори македонскиот културен клуб, каде што јас бев и кој што го носи името Никола Јонков Вапцаров“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски го повика Ковачевски да излезе од удобните фотелји и да прошета низ народот и да ги слушне приказните и семејните драми на многу такви семејства кои ја живееле жестокоста на таквите методи на режимот чиј наследник е СДСМ.
А, кога бугарскиов ас Ковачевски ќе говори за историски пршања, неправди и злосторства, сакам да го слушне внимателно овој повик до него. Историјата има подеми и падови, срамни и храбри страни. Такво срамно петно стои токму зад неговата партија која се прикажа за наследник на комунистичкиот режим. Истиот тој режим, и еден дел од тој политички естаблишмент направи невиден прогон врз една цела плејада луѓе кои ја сочинуваа македонската интелигенција која беше ликвидирана. Впрочем, го повикувам да излезе од удобните фотелји да прошета низ народот и да ги слушне приказните и семејните драми на многу такви семејства кои ја живееле жестокоста на таквите методи на режимот чиј наследник е СДСМ. Да слушне лично за судбината на Костадин Динката и неговиот брат Мите, едниот прогонет и убиен од бугарските окупатори, другиот од комунистичкиот режим. За ликвидацијата и голготите на Ченто, Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Методија Шаторов Шарло, Благој Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски и редица други македонски синови.
Сиве овие беа прогонувани само затоа што го сакаа својот народ, и сакаа независна држава Македонија. Нема да има помирување додека нема исправање на неправдата и извинување и затоа ги повикувам Ковачевски и СДСМ како негов наследник на овој режим да го осуди таквиот прогон и да се извини за илјадниците прогонети од режимот кој го ситнеше и убиваше стремежот за слободна и независна Македонија. Ова за нас е идеолошко прашање. Не оставајте такво црно, петно и тешко братоубиствено петно да седи над вашите глави“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.