Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара цврсти гаранции од Софија за македонскиот идентитет и јазик, а СДСМ сака само да се слика, велат од партијата.

Дури и во монтираното видео на СДСМ јасно се гледа и слуша како претседателот Мицкоски кажува дека промени во Устав се можни само со цврсти гаранции од Софија. Нив сега ги немаме. Туку имаме негирање на македонскиот јазик и идентитет.

СДСМ сакаат само да отидат да се сликаат исто како што се сликаа во авионот пред 5 години кога велеа дека датумот е добиен.

СДСМ го лажат народот и на мала врата сакаат да протуркаат нешто кое е спротивно со македонските национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи и поддржи предлог кој е на штета на Македонија, затоа во 19 часот пред Влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.