Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во телефонско јавување во емисијата “Јади Бурек“ во текот на сенародниот протест Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ, зборуваше за тоа кои се критичните точки зошто треба да се одбие францускиот предлог. Мицкоски потенцираше дека ако се прифати овој предлог ќе има комплетна асимилација, а исто така и се дава алатка на Бугарија кога сака и како сака да ја блокира Македонија да биде земја членка на ЕУ.
Во документите кои што се ставени на увид на јавноста практично има неколку суштински работи кои мораме да ги одбиеме. Првото е што еден од документите се повикува на протоколот од втората меѓувладина конференција со Бугарија каде што практично се наоѓаат и историјата и образованието и спомениците и културата, сето она кое што е содржано во првата резолуција на Бугарскиот парламент од 2019 година и ако ние тоа го прифатиме, го прифатиме тој протокол практично комплетна асимилација е пред нас. И второто е во првиот документ, а тоа е практично преговарачката рамка во точката 5 каде имаме неколку услови. Покрај Копенхагеншките и условите кои се дефинирани со процесот на асоцијација, таму се наоѓаат билатералните договори односно на тој начин се дава алатка во рацете на Бугарија кога сака и како сака да не блокира и покрај тоа што тоа до сега за ниту една земја која стана членка не било услов. Така да билатералниот договор не само Преспанскиот туку и Договорот за добрососедство се дел од понудената преговарачка рамка. Тоа се двете есенцијални работи кои што треба да ги одбиеме, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски укажа дека трета точка зошто не треба се прифати овој предлог е во делот на давањето изјави каде што се повикуваме на две унилатерални изјави една од наша страна, една од страна соседна Бугарија каде што тие може да стават фуснота практично односно ѕвездичка на нашиот јазик, македонски јазик кој што е кодифициран.
Третата е во делот на давањето изјави каде што се повикуваме на две унилатерални изјави една од наша страна, една од страна соседна Бугарија каде што тие може да стават фуснота практично односно ѕвездичка на нашиот јазик, македонски јазик кој што е кодифициран, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.