Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ имаа исклучително квалитетна година. 365 дена импозантна статистика, импозантни резултати, повеќе од 125 милиони евра инвестирани или во фаза на инвестиции се капиталните проекти кои се реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и можам да кажам и да се заблагодарам за сето она кое што го направија и да потсетам дека тука не завршува се, ние мораме да покажеме и да работиме двојно повеќе во периодот кој следи дека не се сите исти, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскина заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“.

Не се помируваме со малодушност, ние сме амбициозни мотивирани мора да го оправдаме брендот проекти ВМРО-ДПМНЕ и да им покажеме на граѓаните дека можело поинаку и дека можело секако да биде поразлични.

Мицкоски во обраќањето посочи дека ВМРО-ДПМНЕ покажува одлични резултати и во општините каде нема градоначалници, но учествува во локалната самоуправа и како примери ги посочи дека јавните претпријатија со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ во Тетово и Куманово.

Вреди да се напомене Тетово, тука го гледам директорот на ЈП Градски паркинг во Тетово кој компанијата ја наследи со стотици илјади евра долгови, неисплатени плати, за да луѓето кои се вработени таму сега велат дека не само што се исплатени и долговите и платите туку и се размислува за развој. Квалитетно однесување, иако таму немаме градоначалник, ни сме дел од локалната самоуправа и ги охрабрувам да продолжат. Во Куманово имаме директор на ЈП Куманово гас и покрај сите предизвици со кои се соочуваме и ова јавно претпријатие бележи исклучителни резултати, нагласи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.