Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека не може да стане збор з реципроцитет во протоколот со Бугарија во ситуација кога таа испрати документ со кој не го признава македонскиот јазик?
–Никаков реципроцитет, Бугарија сама кажува дека не го признава јазикот, а ние го признаваме бугарскиот јазик. Бугарија дава изјави дека за нив македонскиот јазик е некаков дијалект на бугарскиот и тоа го оправдуваат на некој хегемонистички начин но би рекол, но тоа е нивната политика и тоа не треба да нè изненадува, тие си имаат стратегија, си имаат план и гледаме дека тоа си го исполнуваат.Проблемот е што кај нас има отсуство на државотворен капацитет, кај нашите политичари. Па дури и Бујар Османи си го исполнува тоа што си го има зацртано, а тоа е Албанија да ги почне преговорите и да оди напред. Јас се чудам на Димитар Ковачевски и на останатите министри во Влада, за кои повторно ќе кажам, аздисаноста по пари, тендерите, криминалот им се заеднички именител и подготвени се преку сè да поминат за тоа да го сочуваат. Национално тотално исплакнати ликови, тие не може да бидат државници и не може да ја водат државата напред и можат само дополнително да го компликуваат процесот и да стагнира државата како што стагнира, бидејќи ние не ги почнуваме преговорите, па дури и на нив, вели Мицкоски во интервју за „Вечер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.