Како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието на Република Македонија имам обврска да дадам одговор на неоснованите и смешните обвинувања кон Собранието на Република Македонија од страна на вицепремиерот за економски прашања, г-динот Фатмир Битиќи дадени во интервјуто за порталот МКД.мк, пишува во статус на Фејсбук, Никола Мицевски.
👉🏻Како прво и најважно, г-динот Битиќи мора да знае дека Собранието на Република Македонија и пратениците се единствените директни претставници на народот и народната волја изразена на парламентарни избори, додека пак функцијата која што во моментов ја ужува г-динот Битиќи е партиско-политичка одлука која што се верификува токму овде, во Собранието на Република Македонија.
🚩За потсетување, мандатот на пратениците доаѓа директно од граѓаните, додека пак мандатот на г-динот Битиќи произлегува директно од партиските штабови и коалициските пазарења на актуелната власт. Тоа е единствената, но огромна разлика, која очигледно г-динот Битиќи не сака или воопшто не ја разбира.
❌Токму затоа, јасно и гласно реагирам и упатувам порака до власта дека не го прифаќам обвинувањето на г-динот Битиќи дека Собранието е „слабата алка и кочничар“ на „реформите“ и владината политика. Затоа го повикувам г-динот Битиќи и Владата да не се расфрлаат со вакви разно – разни неосновани обвинувања кон Собранието и народните избраници се со цел да го деградираат Собранието и да ги омаловажат народните избраници, само за да ја исперат својата и владината неспособност, неефикасност и нестручност.
❓Оттука, го прашувам г-динот Битиќи и Владата, како тоа Собранието е виновно за доцнењето на Законот за административни службеници, кога токму Владата, чиј член е и г-динот Битиќи, иако знаејќи дека треба да се услогласат платите на вработените во јавниот сектор со Законот за минимална плата, го достатуваат до Собранието на 26ти март 2022 година? ✅Очигледно, некој овде очајно се обидува да ја префрли вината на друг. Очигледно, некој овде свесно лаже и манипулира.
♦️Исто така, кога г-динот Битиќи споменува и дава примери за функционирање на Парламентите во други соседни земји, треба да биде искрен и реален пред граѓаните. Тој пред граѓаните треба да каже и да одговори зошто во услови на кризна состојба и илјадници жртви од КОВИД пандемијата, Владата се занимаваше со издавање на лиценци за производство на марихуана на роднини и пријатели од врвот на власта? Зошто се трошеа и се’уште се трошат илјадици и милиони евра на апетисани, мебел, храна, цвеќиња, службени патувања и уште многу други луксузирања, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај? Зошто Владата е глува и слепа за енормните поскапувања на сите услуги и производи?
👉🏻Ова се прашањата и проблемите со кои г-дниот Битиќи и неговата Влада треба и мора да се позанимаваат и одговорат, наместо да плукаат и вперуваат прст во законодавниот дом и народните претставници.
❌Единствените виновници за катастрофалната состојба во која што се наоѓа Република Македонија во секое поле од секојдневното живеење се токму претставниците на Владата на Република Македонија чиј член е и вицепремиерот Фатмир Битиќи.
👉🏻Никој друг не е виновен за неспособноста и негрижата на власта предводена од СДСМ и ДУИ ! Вперувањето прст и обвинувањето на народот, народните претставници, Собранието или опозицијата, а од друга страна немањето чувство за сопствена одговорност како актуелна владејачка гарнитура, во најмала рака е недржавничко и недостојно однесување, пишува Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.