Стварно сте ужаснати од говорот на омраза према Славјанка? Стварно сложно жени постирате коментари со говор на омраза? Па кај сте бе истите тие поборнички за жените да се соберете и да ги извадите коментарите од под портали за мене?
Вака водителката Миа Костова ги коментира статусите за подршка на министерката за одбрана Славјана Петровска, кои ги споделуваат јавни личности и функционери денеска. Костова е бесна што поддршката е селективна.
Кога ми силуваат све до 4то колено, кога пишуваат дека сум родила дете а не знам чиво е? Кај бевте кога за Тамара не сопираше говор на омраза 2 месеца сосе деца фамилии спомнување со све? Кај сте кога под било која вест за некоја пејачка или водителка буквално се уринира без престан во коментари и тоа трае….
Ааааа да, заборавив. Никој не ви дава по 100 евра за да одеднаш станете феминистки и да застанете во моја одбрана на пример, нели? Со некој динар од партија све е полесно, па дури и тоа да сме сложни дека говорот на омраза мора да престане. Па, нека почне од Славјанка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.