Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Република Македонија.

Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава.

Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година.

Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.