Местото каде што е опожарено возилото на велешкиот фризер Панче Жеовски и каде што е убиена Вања, во атарот на скопското село Бразда, се наоѓа во близина на семејната викендица на првоосомничениот за убиството на Вања, Љупчо Палевски, објави српски Телеграф повикувајќи се на информации од македонски медиуми.

До местото може да се стигне исклучиво по каллив земјен пат кој малкумина го знаат, дури и мештаните од Бразда не ја знаат точната локација.

На локалниот пат кон селото Бразда нема многу сообраќај и на две места има исклучување кое води кон локацијата каде што е оставен и запален автомобилот, објави денеска Телма.

Жителите на селото немаат убави зборови за познатиот соселанец. Потресени од случувањата и што нивното село се спомнува во јавноста по овој немил настан, за Палчо велат дека е психопат од кого се плашат, кој и претходно им правел проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.