Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во седиштето на партијата, оствари средба со амбасадорот на Германија во Скопје, Ото Граф.

На средбата, покрај актуелните политички случувања во земјата, претседателот Тачи ја истакна континуираната посветеност на ДПА за уставните измени и деблокирањето на интеграциските процеси во земјата, истакнувајќи дека интеграцискиот процес заедно со владеењето на правото и економскиот развој на земјата е исто така примарна определба на Демократската Партија на Албанците, се наведува во соопштението на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.