До нашата редакција пристигна допис од медицински сестри од Клниката за онкологија кои се револтирани од начинот на функционирањето на Клиниката во изминатиот период како и континуираниот мобинг кој врз нив го вршат главните одделенски сестри.
Револтирани од односот кон нив, се обратија до нашата редакција и во нивната реакција наведуваат дека главните одделенски сестри се закануваат и од за нив познати причини одлучиле да бидат на страната на анархијата, безредието и хаосот.
Не сме согласни никој да ја валка медицинската пеофесија и не дозволуваме да сме соучесници и да ги браниме тие што се одговорни за таквото безредие во кое видовме дека страдаат пациентите, велат сестрите од Клиниката за онкологија.
Истовремено, во реакцијата од поголема група медицински сестри на онкологија е нагласен револтот дека некој се дрзнува во нивно име и во името на “сите сестри”( како што стои во наводната реакција која не соодветствува со фактичката состојба) да пишува деманти наменети за политички партии и тесни партиски интереси што воопшто не е одлика на професионализам во работата и дејноста медицинска сестра.
За да не биде премногу доцна со оглед дека заминување од Клиниката најавија неколку колешки заради континуираниот мобинг и политичките злоупотреби врз нас, апелираме дека медицинската дејност е пружање здравствена нега, не пишување наводни деманти кои служат за нечии политички интереси.
Ниту сме консултирани за такви измислени деманти и не сме согласни да не злоупотребуваат во такви деманти.
Продолжуваме чесно и професионално да ја вршиме медицинската дејност, која сме ја одбрале како животна определба. Очекуваме институциите што поскоро да ја лоцираат одговорноста, а само така ќе се оневозможи валкање на нашата благородна професија, а никако со измислените деманти со кои некој сака да ја оттргне вината од себе, а тоа да биде на наш грб, порачуваат медицински сестри од Клиниката за онкологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.