Овој сталинистички метод на информативни разговори, кој во времето на комунистичка Југославија најмногу го чувствуваа Албанците, покажува дека рецидивите од минатото сè уште се консумираат кај нас, смета лидерот на Демократскo движење, Изет Меџити. Тој се стави во одбрана на градоначалниците на Тетово и Чаир кои добија прекршочни пријави за непочитување на државните симболи при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и тетовскиот Билал Касами, беа поканети од полицијата на информативни разговори, а единствена причина беше премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово. Овој сталинистички метод на информативни разговори, кој во времето на комунистичка Југославија најмногу го чувствуваа Албанците, покажува дека рецидивите од минатото сè уште се консумираат кај нас, но овој пат и кај некои Албанци кои моќта ја сфаќаа како таткова градина“,напиша Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.