Изет Меџити од албанската опозиција вели дека веќе не важи принципот на победник со победник на изборите веќе не важи и дека бил прекршен токму од ДУИ во 2016 година.
„Се сеќавате, во 2006 година ДПА иако не беше победник кај албанскиот политички блок, стана дел од Владата. Во 2008 година со мајскиот договор беше утврдено правилото влада да се состави од ‘победник со победник’, односно победникот кај македонскиот политички блок да состави влада со победникот кај албанскиот политички блок. Но, во 2016 година токму ДУИ го прекрши тој договор. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ на тие избори имаше добиено 51 пратеник, а СДСМ 49. И, тогаш токму ДУИ го прекрши договорот и со СДСМ направи Влада. Од денешна призма на гледање, добро е што така се направи заради стратешките интереси на државата. Но кога едно правило ќе го прекршиш тогаш немаш веќе право од другите да бараш тоа правило да го почитуваат. Тоа правило повеќе не важи“.
Меџити даде и дополнителен коментар поврзан со т.н. принцип „победник со победник“ и нагласи дека ДУИ и од друг аспект нема право да се почитува тој веќе напуштен принцип.
„Сега, по 20 години власт, заради силата на Вреди, Али Ахмети спасот го побара кај други етнички заедници, кај Турците, Ромите, Бошњаците. Тоа е легитимно, но не може сега Ахмети да се повикува дека тој со ДУИ е албанската опција, затоа што сега само Вреди е чиста албанска опција. Прави разлика во гласови заедно со други етнички партии, а се повикува на албанство! Покрај тоа, и кај ВМРО-ДПМНЕ се застапени помалите етнички заедници. Затоа, ниеден аргумент не оди во нивен прилог и убедени сме дека на 8 мај ќе бидеме со најголем број гласови од Албанци и со најголем број пратеници Албанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.