На посебна седница на Влада министерот за здравство Фатмир Меџити ќе побара да се смени законот за вработување во здравство. Меџити денеска кажа дека сите барања за нови вработувања во здравство ги имаат пренасочено во Министертвото за финансии. Свесен за тоа каква е ситуацијата, посебно после ковид-пандемијата и недостатокот на кадар во болниците и поликлиниките, Меџити кажа дека министрството не седело со скрстени раце, но вработувањата не зависеле од него како министер.

Ако некој доаѓа со договор на дело, тој може да работи најмногу шест месеци и потоа автоматски да добие решение за работа, а не да седи по 10 години. Затоа бараме законски можности, да го решиме овој проблем, сите заедно, на посебна седница на Владата, каде што ќе се говори токму за вработувањата, рече денеска Меџити.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.