Првиот заменик-премиер Изет Меџити вели дека утре утрешната првата заедничка меѓувладина седница во Косово, , покрај протоколарниот дел и усогласената агенда меѓу двете влади околу прашањата за кои ќе се дискутира и договорите што ќе се потпишат, претставува и континуитет на нашата посветеност за зајакнување на регионалната соработка и за третирање на Република Косово како еднаков партнер во сите регионални иницијативи и активности.
Тој на социјалните мрежи напиша дека Владата доаѓа во Приштина со проактивен пристап и искрен интерес за да ги разгледа сите прашања од интерес за нашите две земји.
„Независно од проблемите кои новата Влада ги наследи од претходните влади, независно од оркестрираните тенденции да се обвини новата Влада за секој неуспех оставен во наследство од минатото, духот на меѓудржавната соработка ќе се зајакне и меѓусебната доверба меѓу Македонија и Косово ќе се зголемува континуирано и ќе се гради, бидејќи ова е наша заедничка обврска пред нашите граѓани.
Нашите политички партнери, пријатели и сите други општествени актери во Република Косово сакам да ги информирам дека Владата на Македонија е решена и непоколеблива да работи Западен Балкан да се трансформира во развиен и интегриран регион со модерни институции и услуги и со гарантирање на слободата на изразување, слободата на движење и слободата на организирање за секој поединец или група, без разлика на нивната припадност“, напиша Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.