Имаме министри кои не ги сакаат ниту дома, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ на средба со жителите на Лажани.

Лесно е да тераш големи политики во Скопје и Тетово, но овде ситуацијата е поинаква, вие сте помалку на број, а ви треба поддршка, па мора да прашате зошто извршната власт не доаѓа да ве посети, зошто пратениците од ИЕ 5, Талат Џафери и Исмаил Јаоски не ве посетуваат? Имаме министри кои не ги сакаат ниту дома, ниту Чаир, ниту Скопје, па се среќаваат меѓу себе, со функционери, со советници со телохранители, кои ги тераат да доаѓаат на овие средби, но никогаш не се сретнуваат со граѓаните, со гласачите – рече Меџити.

Во Собранието, додаде Меџити, имаме циркус.

Рекоа Алијансата влегува за да направи 81 пратеник, сега не знаат дали имаат 61? Артан Груби ја стави ДУИ во минус уште пред да се формира владата, имаме помалку министри, помалку заменици министри, помалку државни секретари, помалку директори – рече Меџити.

Башким Хасани, заменик министер за одбрана, предложен за разрешување, рече дека од денеска се чувствува уште поудобно да ја продолжи активноста, бидејќи сега на дело е отуѓувањето на ДУИ, со самиот факт за да се спаси Артан Груби се прави коалиција со оние кои до вчера ја навредале цела ДУИ.

Алијанса за Албанците свесно го спасува Артан Груби, бидејќи знае дека на овој начин ја ослабува ДУИ – рече Хасани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.