Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека министерот за здравство Меџити и Ковачевски треба да ги посетат Карил и Урологија и да објаснат зошто овие седум години ништо не е направено со овие клиники.
„Кога веќе ја посетуваат Клиниката за ортопедија за „отворена” сала, на која ова и е петто или шесто „отворање” и сликање ги охрабруваме Ковачевски и Меџити да ја посетат и КАРИЛ за да ги видат условите за третман на пациенти и условите во кои работат здравствените работници на оваа Клиника каде се третираат најкомлексните случаи.
Ги повикуваме да дадат отчет што во овие 8 години преземале за подобрување на состојбата со оглед дека повеќе од јасно е дека тука не е мрднато со прст
Исто така ги охрабруваме да ја посетат и Клиниката за урологија за да се информираат како изгледаат хоспиталните услови во кои се третираат тука пациентите
Токму на оваа Клиника, здравствените власти се сликаат за успешно трансплантирани бубрези иако лоши односно несоодветни се условите за третман, а нема преземени мерки за подобрување на состојбата
Хаос е и во амбулантскиот дел на Урологија каде редиците за чекање и бутканиците се недостоинствени и понижувачки за пациентите како резултат на лошата организација на менаџментот“, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.