Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар. Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце.
Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда.
Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“.
За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст.
Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.
Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив.
Мукла бе копуци! pic.twitter.com/ec8oT0onRt
— ☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞ (@C4i7Z) April 3, 2023
Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“.
Моментално @vistinomer е на апарати…
⚠️Таткото со 2 сина според нив, уствари да ти било LGBT семејство….😂😂😂
👉 Па уште прават рецензија и го квалификуваат ова како “лажна и злонамерна вест”
Идете да се утепате…да можам би ве укинал.. pic.twitter.com/xzUdwwiwbw— Раск🅰️жу🅱️ачот (@toilet_paper10) April 4, 2023
Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“.
Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.