Државната изборна комисија одржа седница на која беа усвоени упатства во пресрет на локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Исто така беше усвоен и годишниот извештај за завршна сметка за 2021 година.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски и членовите на Комисијата едногласно ги усвоија Предлог-упатство за утврдување на идентитетот на гласачот за изборите на градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 2022 година и посебно упатство за процедура за остварување на избирачко право на избирачот кој на денот на гласање ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список.
Како ДИК, треба да ги известиме сите заинтересирани дека подготовките и изборните дејствија се одвиваат согласно роковникот на Комисијата. Дел од изборните дејствија се извршени, а наредно дејствие е доставување на членови на избирачките одбори од страна на политичките партии, за што ќе бидат денеска известени – изјави Борис Кондарко член на ДИК.
Локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа се презакажани за 17 април 2021 година, поради немање цензус на регуларните избори што се одржаа на 17 октомври минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.