„Aлфа“ останува трн во око за СДСМ, велат од телевизијата, додавајќи дека додека партијата беше опозиција им се закануваа, а сега како власт им прават невидени притисоци.

Сите институции се во спрега во обид да најдат „влакно во јајце“ и да ѝ наштетат на единствената кртичка телевизија која остана во македонскиот етер. Она што беше навестено од опозиција, сега се спроведува како власт, велат оттаму.

Инаку, напади врз телевизија „Алфа“ има од повеќе страни – УЈП, обвинителства, инспекции.

Поранешниот премиер и партиски лидер, Зоран Заев, уште пред повеќе од шест години дел од медиумите ги прогласи за политички непријатели.

Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се „Сител“, „Канал 5“, „Алфа Телевизија“, „Дневник“ и „МРТ“, изјави тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, на 1 декември 2015 година.

„Алфа“ е единствената која остана трн во око. Следуваа суптилни и не толку суптилни закани кои само добиваа на интензитет.

Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на „Алфа телевизија“, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави Зоран Заев на 6 март 2020 година.

Примерот на поранешниот партиски лидер го следеа речиси сите функционери – со етикетирање на телевизијата и на новинарите.

Јас разговарам и со вас, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашта телевизија ама не го знам кој е, изјави Радмила Шеќеринска, на 10 јули 2020.

Медиумите на Мицковски имаат задача да го поткопуваат Договорот со Грција и со текстовите негативно да влијаат на членството во НАТО, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на 20 февруари 2020.

Но, притисокот врз „Алфа“ не остана само на закани, велат оттаму, додавајќи дека власта ги користи сите механизми кои и стојат располагање во обид да ја замолчи единствената кртичка телевизија која остана во македонскиот етер.

Како што расте гледаноста на „Алфа“, а паѓа рејтингот на власта – така се засилуваат и притисоците.

Последен во низата е оној од Управата за јвни приходи која изготвила решение за наплата на наводен долг од околу 200 илјади евра, во кои се пресметани и огромни камати, а за кој се уште се води судски спор кој нема разрешница.

Телевизијата речиси секој ден е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.