Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и одбрана на Ирска, Михол Мартин ја охрабрува Македонија да ги заврши успешно уставните измени што престојат, за непречено чекорење кон полноправното членство во Европската Унија. По средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Даблин, Мартин истакна дека таква обврска имаше и Ирска пред да стане земја членка на Унијата, но дека вредеше, пошто со тоа следеше позитивна трансформација на земјата.

„Од перспектива на ирската влада и ирскиот народ, на референдумот гласавме да се откажеме од нашите територијални претензии во Северна Ирска како дел од компромисот што сите требаше да го направат за да се постигне мир во Ирска. Мило ми е што можам да кажам дека успеавме. Имавме 25 години мир и за помладите генерации сега е нешто што треба да се научи во историските книги во однос на конфликтот, бидејќи нивната реалност е реалноста на мирот и подобриот квалитет на живот,” истакна Мартин.

Шефот на ирската дипломатија се заблагодари за професионалното претседавање на Македонија со ОБСЕ, во тешките околности во кој се наоѓа светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.