Среќни беа генерациите кои учеа историја. Без тој предмет, луѓето ќе бидат со исплакнати мозоци. И такви ќе водат (веќе водат) држави, реагира на Фејсбук професорката и претседателка на партијата „Глас“ Солза Грчева за најавеното укинување / поделба на досегашниот предмет историја за учениците од 6-то одделение.

Таквите ќе бидат само неоколонијални, глобалистички кукли на конци. Нивните граѓани ќе им служат скоро како робови, за ништо нема да одлучуваат, а земјите ќе им бидат ограбувани од “газдите“, од тие надвор и од „елитите“ дома. Историјата мора да се врати на голема врата. И целото образование да се реформира. Не според умот на НВО министри, туку од луѓе кои знаат што прават! Тоа е темелот на една држава, тоа е силата и критичката размисла на секој поединец. Со молчеливи, исплашени луѓе, со неуки луѓе, секој ќе манипулира, предупредува Грчева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.