„Ќутолози“ не му се потребни на СДСМ, фер е на почетокот на мандатот да се каже можем или не можам, коментира на Фејсбук членот на СДСМ од Куманово Мартин Костовски, по вчерашната седница во новиот состав на Собранието на која Африм Гаши беше избран за претседател на Парламентот.
Главна улога на пратеникот е да зборува на говорница да брани став и да презентира политики, „ќутолози” не му се потребни на СДСМ, фер е на почетокот на мандатот да се каже можам или не можам. Срамота е Левица да го контаминира опозицискиот простор на политичката сцена. Нема страв, мора жестока акција, молкот не е конструктивност. Сакам моќен СДСМ кој ќе го дроби дпмне на говорница, напиша Костовски.
Градоначалникот на Струмица и поранешен пратеник на СДСМ Костадин Костадинов исто така реагираше на Фејсбук по срамниот настап на неговите сопартијци во Парламентот.
На почетокот беше зборот, пишува на еден преубав мозаик, дело на големиот Газанфер Бајрам, во салата за пленарни седници во Македонскиот Парламент! Да не помине, не слушнато и не видено, напиша Костадинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.