Во доцните часови, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, предизвика внимание со објава на Фејсбук, во која остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ, посочувајќи го дуото Заев-Филипче. Според него, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.
Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Тоа не е СДСМ, напиша Шилегов, сугерирајќи дека сегашната структура на партијата служи на тесни интересни групи.
Ваквите напади, според експертите, се сметаат за позиционирање пред новата преструктурираност на партијата, која се соочува со историски ниска поддршка. Приврзаниците на Заев и Филипче коментираат дека останува да се види кој е интересот на Шилегов и какви ќе бидат неговите следни чекори во СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.