Ме разочарува фактот што во нашава држава постојат луѓе коишто мислат дека можат да се бават со сѐ, вклучително и со претседателската функција. Треба да се има некаква политичка позадина за да можете и во своите мисли да се кандидирате за претседател, вели за „Студио 10“ Ѓулистана Марковска.
Не ми се допаѓа почетокот на кампањата. Веќе имавме измеќари кои ќе одработуваат за некои други работодавачи дадени од висока позиција на лидер на политичка партија и тн. Сметам дека кандидатите за претседател од двете политички партии, тука мислам на Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, треба да бидат одмерени во зависност од функцијата што ја обавуваат. Не сум слушнала лоша изјава од Силјановска, но вчера ме изненанди вокабуларот на акутелниот претседател кој рече „тие се неспособни, тие се луѓе без концепција“.. знаете, се нарушува дигинитет на самата функција. Тоа може да го прават можеби пониски ешалони. Сето ова е вовед во една лоша политичка игра, вели Марковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.