СДС и Маричиќ да кажат каде на друго место во ЕУ, државно возило и шофер се користи за партиски активности, токму заради нив го имавме најлошиот Извештај на ЕК и сме се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи го Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже „што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?“
СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор. А додека СДС и Маричиќ се правдаат очекуваме ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели. Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски. Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности. Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции. Заради СДС и Маричиќ кои државата ја претворија во партиска алатка, Македонија оваа година го имаше најлошиот Извештај на ЕК. Со СДС и Маричиќ Македонија е се подалеку од ЕУ, но и од граѓаните. Со СДС и Маричиќ владата им служи само на кликите на власта. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.