Вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“ изрази осуда за нападот на Русија врз Украина утрово. Според Маричиќ, тоа е агресија која е недозволива.
Ние ја почитуваме и поддржуваме територијалната целовитост и независност на Украина и стоиме со украинскиот народ – изјави Маричиќ.
Тој додаде дека Македонија како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ се координира со своите партнери за натамошните чекори.
Ние иако сме мала земја, сепак нудиме помош колку што можеме на Украина во овие моменти. Вчера имаше и телефонски разговор на премиерот Ковачевски со неговиот украински колега, каде ги испративме овие пораки – изјави Маричиќ.
Тој соопшти дека за денеска е свикана вонредна седница на Владата на која ќе се разговара за ситуацијата во Украина и следните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.